Болничарка, која била испратена да интервенира по фатална сообраќајна несреќа, не знаела дека во неа учествувала и нејзината ќерка. Дознала дури кога се вратила дома.

Беше тоа обичен вторник и нормална работна смена за болничарката од Брзата помош во Алберта, Канада, Џејми Ериксон, но нејзиниот живот засекогаш се промени тој ден, пишува „Унилад“. На 15 ноември, во 16:30 часот по локално време, Ериксон добива повик за тежок автомобилски судир каде две лица биле повредени.

Еден од пациентите бил во критична состојба и заробен во автомобилот, па Ериксон веднаш тргнала да помогне.

Кога воздухопловната брза помош пристигнала на местото на несреќата и ја презела пациентката од Ериксон, чија смена тогаш била завршена, таа си заминала дома.

Само неколку минути откако влегла дома, полициски службеници од Кралската канадска планинска полиција тропнале на нејзината врата и ја  ја известиле дека нејзината ќерка доживеала тешка несреќа.

Критично повредениот пациент на кој штотуку интервенирав беше моето месо и крв. Моето единствено дете. Моето мини-јас. Мојата ќерка Монтана. Нејзините повреди беа толку ужасни што не ја ни препознав, сподели Ериксон.

Мајката веднаш отишла во болница за да ја види својата ќерка, но ѝ кажале дека Монтана нема да преживее.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.