Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, за новинарите во Брисел изјави дека земјите од Европската Унија размислуваат да им забранат на трети земји да купуваат нафта од Русија.

Полска и се повеќе земји од Европската Унија гласно зборуваат за таканаречените секундарни санкции. Ова е можност за воведување санкции на тој начин што руската нафта нема да може да се продава на трети земји, земји што се надвор од границите на Европската Унија – рече Моравјецки.

По резултатите од првиот ден од самитот во Брисел, лидерите на ЕУ постигнаа политички договор за воведување делумно ембарго на нафтата против Руската Федерација, што ќе влијае на испораката на нафта по морски пат. Сепак, нафтата што доаѓа преку нафтоводот „Дружба“, преку кој се снабдуваат Унгарија, Чешка и Словачка, нема да биде вклучена во новиот пакет санкции.

Според шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, до крајот на 2022 година ЕУ ќе се откаже од речиси 90 отсто од увозот на руска нафта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.