Чиле, која е една од водечките земји во светот според степенот на вакцинација против Ковид-19, почна кампања за давање четврта доза на луѓе со нарушен имунитет.

Земјата го прави тоа прва во регионот, а причината за почнување на кампањата е зголемувањето на случаите поради брзото ширење на сојот Омикрон.

Вакцината, оваа четврта доза или втора бустер доза, ќе биде достапна за секого. Почнувајќи од денеска, ќе почнеме со луѓе со нарушен имунитет и ќе продолжиме со најбрзо темпо – изјави чилеанскиот претседател Себастијан Пинера за време на посетата на болница во главниот град Сантијаго.

Кампањата почнува со лица над 12 години со ослабен имунитет, кои примиле бустер доза пред септември. Од февруари процесот ќе се прошири на сите лица над 55 години.

Чиле регистрира повеќе од 4.000 нови инфекции дневно, што е двојно зголемување во однос на минатата недела и е во согласност со глобалниот тренд на зголемување на инфекциите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.