Генералното собрание на ОН со големо мнозинство денеска усвои резолуција со која „бара“ Русија „итно“ да се повлече од Украина, како силен укор за инвазијата на Москва од страна на глобалното тело задолжено за мир и безбедност.
По повеќе од два дена вонредна дебата, 141 од 193 земји-членки гласаа за необврзувачката резолуција. Кина беше меѓу 35-те земји кои беа воздржани, а само пет гласаа против. Oсвен Русија и нејзиниот сојузник во војната против Украина, Белорусија, гласаа уште Сирија, Северна Кореја и Еритреја.
Резолуцијата „најостро ја осудува“ руската инвазија врз Украина и ја осудува одлуката на претседателот Владимир Путин да ги стави своите нуклеарни сили во состојба на готовност.
Резолуцијата не е правно обврзувачка, но е израз на ставовите на членството на ОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.