Чешката полиција денеска објави ново видео од нападот од зградата на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во Прага, каде напаѓачот уби 14 лица, а рани уште 25. Тие, на прес-конференција, објавија и нови детали и потврдија дека напаѓачот се самоуби по масакрот.

Во престрелката на Филозофскиот факултет загинаа 14 студенти и други лица, а убиен е и насилникот. Вкупно 15 загинати, изјави директорот на прашката полиција Матејчек.

Министерот за внатрешни работи Вит Ракушан претходно изјави дека вкупниот број на жртви е 13, а четиринаесеттиот загинат е напаѓачот. Напаѓачот од ходникот на Филозофскиот факултет ранил и три лица на улица.

Кога полицијата му пришла и го опколила, тој се застрелал со пушка. Напаѓачот од колеџот удрил во едно цивилно и едно полициско возило.

Во акцијата против него учествувале стотици полицајци и никој од нив не е повреден. Директорот на полицијата изјави дека полициските единици биле активни надвор од зградата, но и внатре во неа. Тој додаде дека не се сигурни дали напаѓачот има помошници, поради што евакуираните студенти морале да заминат со кренати раце. Тој повтори дека сите жртви се идентификувани и рече дека се информирани сите нивни семејства.

Полицијата соопшти дека студентите се забарикадирале во просториите на зградата на универзитетот, а полицијата одела кат по кат за да ги извлече. Во некои случаи, додаваат тие, полицајците морале да употребат сила за да влезат и да ги извлечат студентите.

Создадовме безбеден коридор и низ тој безбеден коридор на сите им беше кажано да излезат, изјави полициски функционер за новинарите.

Началникот на полицијата во Прага вели дека верува оти брзото пристигнување на полицијата спречило натамошно крвопролевање.

-Видов купишта муниција по ходниците, беше неверојатно, се сеќава тој. Тој верува дека напаѓачот би продолжил да пука во луѓето доколку не отишол на балконот на универзитетот, „каде на крајот умрел“.

Главниот истражител потврди дека полицијата ја разгледува можноста дека напаѓачот е поврзан со убиството на две лица во шума во близина на Прага минатата недела.

Шефот на службата за итни случаи во Прага, рече дека досега собраните докази од теренот укажуваат дека масовниот убиец од универзитетот е извршител на убиствата во шумата Клановички, каде што беа убиени таткото и бебето.

Но, ние чекаме балистички докази за да го потврдиме ова. Дотогаш ќе продолжиме да го истражуваме ова кривично дело. Засега тоа не можеме да го потврдиме со 100 проценти сигурност, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.