Чешка ќе и донира на Украина автоматски и снајперски пушки, пиштоли и муниција во вредност од 7,6 милиони евра.
Владата одобри натамошна помош за Украина, која се соочува со руски напад. Министерството за одбрана ќе се погрижи и за транспортот до место поставено од украинската страна. Нашата помош не е завршена – објави чешката министерка за одбрана, Јана Чернохова на Твитер.
Официјална Прага во јануари и донираше на Украина 4.000 артилериски гранати во вредност од 1,5 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.