Чешката полиција ги зајакна безбедносните мерки во Прага и е во состојба на готовност поради закани од терористички напади, со зголемени патроли кои ги чуваат автобуските и железничките станици, трговските центри и местата каде што се собира голем број луѓе.
Можам да потврдам дека полицијата во моментов презема превентивни мерки. Полицијата води истрага поврзана со напади во странство. Осомничениот е уапсен. На луѓето во Чешка не им се заканува поголем ризик, изјави денеска министерот за внатрешни работи Вит Ракушан.
Како што пренесува Бета, чешкиот весник „Млада фронта Днес“ од неофицијални извори дознава дека станува збор за закана од терористички напади врз инфраструктурата, а важат и за други земји.
Чешкиот совет за национална безбедност утре ќе одржи итен состанок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.