Владата на Чешка одлучи денеска да донира 4.000 артилериски гранати од 152 милиметри за Украина, која се подготвува за можна руска воена инвазија, соопшти чешкото Министерство за одбрана, пренесува Танјуг.

Новата чешка централнодесничарска влада зазеде јасен став за поддршка за Украина во новата тензична ситуација.

„Имаме широк спектар на опции – од политичка и дипломатска поддршка до конкретни акции како што е донирање муниција, што го гледам како важен гест на солидарност“, соопшти кабинетот на министерот за одбрана Јане Чернохова, пренесува Ројтерс.

Чешката влада сигнализираше дека силно ги поддржува западните санкции кон Русија доколку таа ја нападне Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.