Специјалната операција на Кремљ во Украина заврши и почна трета светска војна, изјави новинарката Олга Скабејева, во јавноста е позната како „челичната дама на телевизијата на Путин“.

Обраќајќи им се на гледачите во нејзината емисија на државната телевизија Русија 1, таа посочи дека Русија сега се соочува со ситуација во која ќе мора да го „демилитаризира“ НАТО.

Можеби дојде време да се признае дека руската специјална операција во Украина е завршена. Во смисла дека започна вистинска војна. Згора на тоа, тоа е Трета светска војна. Принудени сме да ја демилитаризираме не само Украина, туку и целото НАТО, рече таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.