Соединетите Американски Држави му дале гаранции на Високиот суд во Лондон што ги побара во врска со случајот на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

Во пресудата од 26 март, судот побара гаранции од САД дека Асанж ќе може да се повика на Првиот амандман и дека нема да се соочи со смртна казна по екстрадицијата.

Оваа дипломатска нота не прави ништо за да го намали огромниот стрес на нашето семејство за неговата иднина, односно неговото очекување дека ќе го помине остатокот од својот живот во самица во американски затвор поради неговата наградувана новинарска работа, реагираше сопругата на Асанж, Стела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.