Според дел од украинските медиуми, голем скандал ја тресе Русија откако во јавноста протече писмо од руската телевизија НТВ, во кое се споменува и Кадиров.

Имено, во писмото до НТВ се наведува дека нивната новинарка кој била испратена да известува од украинскиот град Мелитопол била силувана.

Според „Јутарњи лист“, станува збор за новинарката Олга Зенкова, која важи за пропагандист на Путин.

Таа отишла во Мелитопол, кој на почетокот на војната е под контрола на Русите, да направи извештај, се посочува подоцна во текстот. Меѓутоа, како што се наведува, таа налетала на озлогласената чеченска бригада предводена од Хасан Ибрахимов, братучед на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, а војниците наводно ја силувале новинарката и го претепале снимателот.

Украинците пишуваат дека за овој страшен инцидент дознале сосема случајно, бидејќи во јавноста протече жалба од НТВ, во која раководството на таа телевизија го повикала Истражниот комитет на Руската Федерација да го истражи случајот.

Официјалниот документ бил испратен до шефот на тој Истражен комитет, а самата телевизија не сакала ништо да коментира за да избегне „дискредитација на руската армија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.