Cеверна Кореја ги критикуваше заедничките воени вежби на Јужна Кореја, Јапонија и САД што се одржаа овој месец, велејќи дека таквите вежби покажуваат дека односот меѓу трите земји се развил во „азиска верзија на НАТО”, објави државната агенција КЦНА.
Во четвртокот, трите земји почнаа големи заеднички воени вежби кои вклучуваат морски разурнувачи, борбени авиони и американски носач на авиони „Теодор Рузвелт“ на нуклеарен погон, со цел зајакнување на одбраната од проектили, подморници и воздушни напади.
Вежбата е осмислена на трилатерален самит во Камп Дејвид минатата година за да се зајакне воената соработка среде напнатоста на Корејскиот Полуостров која произлегува од тестирањата на оружје на Cеверна Кореја.
Официјален Пјонгјанг нема да го игнорира зајакнувањето на воениот блок предводен од САД и нивните сојузници и ќе го заштити регионалниот мир со агресивен и надмоќен одговор“, се наведува во соопштението на севернокорејското министерство за надворешни работи.
Министерството додава дека Вашингтон продолжува со своите напори да ги поврзе Јужна Кореја и Јапонија со НАТО, додавајќи дека обидите на Јужна Кореја да испорача оружје на Украина се еден од примерите за тие напори.
Cеверна Кореја долго време ги осудува заедничките вежби на САД и Јужна Кореја како проба за инвазија и доказ за непријателската политика на Вашингтон и Сеул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.