Ракетните артилериски системи на Cеверна Кореја и Кина немаат еквивалентни во светот, а доколку завршат во рацете на Русија, тогаш американските ХИМАРС во Украина едноставно нема да имаат шанса, коментираат воените експерти.

Сепак, според порталот поосветен на воена техника и стратегија, „Military Watch“, снабдувањето со кинески системи е попречено од строгата неутралност на Пекинг, поради што, севернокорејските инсталации, се чини, дека се најдоброто решение за руската војска.

Поради значајните руски успеси во Украина од пролетва, можеби најзначајната помош за Киев од сојузниците на НАТО беше ракетниот артилериски систем М142 ХИМАРС, кој е високо ценет поради неговата мобилност, прецизност и дострел.

Како што пишува „Military Watch“, западни извори тврдат дека овие средства значително ги искомплицирале акциите на Русија, особено во фазата кога артилеријата игра одлучувачка улога во кампањата.

Иако самата Русија донекаде го занемари развојот на ракетната артилерија од крајот на Студената војна, главно поради општиот индустриски пад по распадот на Советскиот Сојуз, сојузниците на Москва би можеле да ѝ обезбедат артилериски системи кои одговараат или дури и го надминуваат ХИМАРС.

Како што продолжува порталот, кинескиот ракетен артилериски систем ПЦЛ191 многумина го сметаат за најподготвен за борба во светот и на тестовите во јули 2021 година покажа опсег на гаѓање од 500 км, што е 543% подалеку од ХИМАРС.

Тоа значи дека ќе го „покрие“ главниот дел на Украина и без да ја премине руската граница. Иако неговата испорака сигурно ќе ја промени играта на бојното поле, продажбата на овој и на други кинески системи е попречена од строгата неутралност на Пекинг. Кина нема намера да испорачува оружје на ниту една од страните во конфликтот, а ова е остар контраст со силната поддршка на НАТО за Киев во голема мера ја ограничува способноста на Русија да увезува оружје.

Со исклучок на Кина и Русија, Cеверна Кореја ја има најголемата воено-индустриска база надвор од сферата на влијание на Западот. Поради географијата на Корејскиот полуостров, таа инвестираше многу во развојот на водечките светски системи МЛРС. Згора на тоа, за разлика од Пекинг, официјален Пјонгјанг отворено ја поддржа позицијата на Русија во ОН и еднострано ги призна Народните републики Доњецк и Луганск во источна Украина, кои Москва ги призна уште во февруари.

Воведен во 2014 година, корејскиот ракетен артилериски систем КН-09 има дострел од 200 километри и лесно може да го надмине ХИМАРС. Покрај тоа, може да се организираат испораки по најниска цена: Cеверна Кореја и Русија се поврзани со железница, а системи за оружје може да се пренесат во Украина за неколку дена, управувани од корејски или руски екипажи по соодветна обука.

Севернокорејската варијанта на уште повисоко ниво, системот KН-25, беше претставен во 2019 година и може да се пофали со уште поголем домет од над 400 километри. Може да се испорача наместо неговиот претходник или покрај него. Двата системи се дизајнирани за максимална мобилност, слично како ХИМАРС, и користат мобилни фрлачи кои овозможуваат брзо репозиционирање по пукањето.

Како што пишува во заклучокот на написот, поради кинеските ограничувања за продажба на оружје, се чини дека набавката на севернокорејскиот КН-09 или КН-25 е најдоброто решение за руската армија.

Оваа можност е лесно и практично остварлива во замена за трансфер на технологија или вишок авиони во Cеверна Кореја, бидејќи авијацијата е главната слабост на нејзиниот одбранбен сектор. Сепак, поради ембаргото за оружје на ОН против Cеверна Кореја, таквите набавки мора да се вршат во тајност, без да се открие земјата на потекло.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.