Парламентот на Молдавија изгласа продолжување на вонредната состојба за уште 60 дена.

Одлуката доаѓа откако владата соопшти дека сè уште и се потребни посебни овластувања за да се справи со последиците од руската воена акција во Украина.

Обраќајќи им се на пратениците, кои во четвртокот гласаа за продолжување на вонредната состојба, молдавската премиерка Наталија Гаврилица, порача дека постојат континуирани ризици за енергетската и граничната безбедност и укажа на потребата да се управува со протокот на бегалци од Украина.

Ризиците за Молдавија поради војната во Украина се уште се високи. На владата и се потребни дополнителни овластувања – се наведува во истражувањето на Молдавија.

Продолжувањето на вонредната состојба ќе стапи на сила на 8 август, пренесува Ројтерс.

Околу 500.000 бегалци ја минале границата откако Русија ја почна воената операција во Украина, од кои повеќе од 100.000 остануваат во Молдавија, која има околу 2,6 милиони луѓе.

Парламентот на Модлавија прво гласаше за воведување привремена вонредна состојба веднаш по рускиот напад врз Украина и ја продолжи мерката во април и јуни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.