Cеверна Кореја во текот на ноќта истрелала околу 80 артилериски проектили во поморската погранична зона, вклучително и можно неуспешно лансирање на интерконтинентална балистичка ракета (ICBM), што ги натера СAД и Јужна Кореја да ги обноват воздушните вежби што предизвикаа незадоволство и протест кај официјален Пјонгјанг.
Војската на Јужна Кореја соопшти дека регистрирала повеќе од 80 артилериски гранати истрелани во морето од страна на Cеверна Кореја, почнувајќи непосредно пред полноќ, а потоа и во текот на ноќта.
Војската на Јужна Кореја соопшти дека подигнала борбени авиони откако открила околу 180 севернокорејски воени авиони што летале северно од воената граница повеќе од четири часа.
Севернокорејски авиони летале северно од таканаречената тактичка линија, повлечена на 20 километри северно од Воената демаркациона линија, објави во соопштението јужнокорејската војска.
Како одговор, Јужна Кореја подигнала 80 авиони, вклучително и стелт-ловци Ф-35А.
На состанокот во Вашингтон, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и јужнокорејскиот министер за одбрана Ли Јонг-суп, ја потврдија нивната посветеност да бараат нови мерки за двете земји, со цел да ја покажат „решителноста и способностите“ на алијансата, по повторените провокации на Cеверна Кореја, се наведува во заедничко соопштение.
Тензиите на Корејскиот полуостров се зголемуваат откако Пјонгјанг изврши рекорден број ракетни лансирања оваа година, вклучувајќи најмалку 23 проектили само во средата и интерконтинентални балистички ракети во текот на вчерашниот ден.
Дипломатите објавија дека Вашингтон побарал Советот за безбедност на ОН, на отворена седница да расправа за Cеверна Кореја, што го поддржале и некои други членки – Велика Британија, Франција, Албанија, Ирска и Норвешка.
Во последниве години, 15-члениот Совет за безбедност на ОН беше поделен околу Cеверна Кореја, а во мај, Кина и Русија ставија вето на напорите на САД да воведат дополнителни санкции на ОН како одговор на новите ракетни лансирања на Пјонгјанг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.