Cеверна Кореја соопшти дека во изминатите 24 часа биле пријавени над 186.090 случаи на симптоми на треска и дека уште едно лице починало како последица на веќе признаената епидемија на Ковид-19 во земјата, денеска јави државната агенција КЦНА.
Агенцијата, меѓутоа, не соопштува податоци за тоа колку од овие пациенти се позитивни на коронавирус.
Бранот на ширење на коронавирусот, што беше објавен минатата недела, ја зголеми загриженоста за недостатокот на вакцини, недостаток на медицинска инфраструктура и потенцијален недостиг на храна во земјата со околу 25 милиони луѓе, која одби странска помош и ги држи своите граници затворени.
Висок официјален претставник на американската администрација денеска изјави дека токму ограничувањата околу Ковид-19 можеби имаат улога во неуспехот на Северна Кореја да одговори на понудата за дипломатски разговори.
Американскиот претседател Џо Бајден, кој вчера беше во посета на Јужна Кореја, изјави дека на Пјонгјанг му се понудени вакцини против коронавирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.