Кинеското Министерство за надворешни работи денеска повтори дека секој обид да се игра на „картата на Тајван“ со цел да се ограничи Кина ќе биде осуден на пропаст.

-Широката поддршка на меѓународната заедница за Пекинг уште еднаш покажува дека принципот на една Кина е заедничка аспирација и доминантен тренд, изјави портпаролот, Ванг Венбин.

Стејт департментот во средата соопшти дека на Тајван треба да му се дозволи да присуствува на собранието на СЗО следната недела, истакнувајќи дека исклучувањето на островот од оваа организација на барање на Кина е неоправдано и предизвикува загриженост за глобалното здравје.

Пекинг, според кинеското МНР, не може да се согласи на учеството на регионот Тајван на годинешното собрание на Светската здравствена организација (СЗО), со цел да го заштити својот национален суверенитет и територијален интегритет, пренесе кинеското радио ЦРИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.