Цените на гасот во Европа денеска скокнаа за 10,6 отсто на отворањето на тргувањето, надминувајќи 1.100 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.
Фјучерси на гас за испорака во февруари во холандскиот центар ТТФ се тргуваше за 1.121 долар за 1.000 кубни метри, или 94,5 евра за мегават час, по актуелниот курс на еврото во однос на доларот, пренесува агенцијата Тас.
Во октомври минатата година цената на гасот во Европа постави рекорд на сите времиња, надминувајќи го нивото од 2.000 долари за 1.000 кубни метри, по што падна во следните денови поради зголеменото производство на енергија од ветерниците и веста дека бројот на танкери кои превезуваат течен природен гас од САД Европа се зголемија за една третина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.