Хонг Конг донесе одлука со која им забранува на патниците од повеќе од 150 земји да транзитираат низ аеродормот во градот.

Од раководството на аеродоромот соопштија дека одлуката е донесена во рамки на најновите заострувања на мерките за борба против корона вирусот во градот.

Услугите за трансфер/транзит на патници преку меѓународниот аеродром во Хонг Конг за сите лица кои престојувале на одредени локации од групата А во изминатите 21 ден ќе бидат суспендирани – се вели во соопштението на аеродромот објавено на неговата веб-страница.

Суспензијата ќе стапи во сила во недела и ќе трае еден месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.