Цента на терминските договори за испораките на гас во Европа првпат од март се искачија на нивото од над 3.300 долари за илјада метри кубни, што претставува раст од повеќе од 10 отсто, покажуваат податоците од лондонската берза „ICE“.

Тргувањето во четвртокот се отвори со нивото малку над 3.080 долари за илјада метри гас, што претставува раст од 3 отсто во однос на затворањето на претходниот трговски ден. Но по 17 часот по македонско време, цените скокнаа за 10,8 отсто на 3.312,5 долари за илјада метри кубни гас. Динамиката на котациите се заснова на цента за порамнување од претходниот трговски ден од 2.990,6 долари, која беше рекордната во целиот период на работа на гасните хабови во Европа од 1996 година.

Цената а септемвриските термински договори во најголемиот европски гасен хаб, холандскиот „TTF“, порасна на 3.333 долари за илјада кубни метри, или на 323 евра за мегават част, врз основа на тековниот курс на еврото во однос на доларот, па така цените на лондонскиот пазар „ICE“ се претставуваат во евра за мегаватчасови.

Денешниот раст се припишува на зголемувањето на цената на азиските фјучерси за снабдување со течен природен гас поради зголемената конкуренција на пазарите во развиените земји, вклучително и Јапонија и Јужна Кореја, кои ги зголемуваат своите резерви пред почетокот на зимата.

Цените на гасот постигнуваа рекордни нивоа од есента 2021 година, во услови кога европските подземни складишта останаа празни, поради постапандемиското отворање на азиските економии и зголемената побарувачка, каде беа по повисоки цени продадени залихите особено од течен природен гас (ЛНГ). На почетокот од март годинава, веднаш по руската воена операција во Украина, цените на гасот во Европа поради стравот од забрана за увоз на руските енергенси во серија ги обновуваа историските рекорди, а највисокото ниво беше забележано на 7 март од 3.892 долари за кубни метри гас.

Покрај тоа од почетокот на војната во Украина, испораките на рускиот гас преку гасоводот Северен тек 1 е намален на 20 отсто од капацитетот, како што вели руската страна поради технички проблеми, испораките преку транзитниот систем во Украина се намалени исто така преку еден крак и привремено прекинати поради проблемите со плаќањето поради западните санкции на рускиот финансиски и банкарски сектор, а испораките преку гасоводот Јамал – Европа е целосно запрен.

Моменталните колебања на европскиот пазар на гасот се поврзани, во прв ред, со неизвесноста на испораките од рускиот гас и брзањето на европските земји да ги пополнат капацитетите на своите складишта пред претстојниот период на зголемена потрошувачка.

Така, минатиот петок рускиот енергетски гигант „Газпром“ објави дека од 31-ви август до 2-ри септември ќе бидат запрени испораките преку гасоводот Северен тек 1, поради планираното сервисирање на единствената гасна турбина на компресорската станица „Портоваја“, додека другите пет се на ремонт во Канада. Имајќи ги предвид проблемите со враќањето на едната турбина од погоните на „Сименс енерџиy“ во Монтреал, пазарите реагираа со зголемување на цената на фјучерсите на 2.700 долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.