Палестинското Министерство за здравство соопшти дека досега се убиени 770 луѓе во Појасот Газа откако Израел почна со воздушни напади како одговор на нападот на Хамас.

Повредени се 4.100 луѓе.

Во меѓувреме, Франција ја потврди смртта на уште двајца граѓани во Израел, со што бројот на француски државјани убиени во нападите на Хамас се искачи на четири.

Француските власти нагласија дека немаат информации за 13 француски државјани „чија ситуација се смета за многу загрижувачка, од кои некои најверојатно се киднапирани“.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја осуди заканата на Хамас за киднапирање заложници, доколку Израел изврши воздушни напади без предупредување.

– Уцената од Хамас по терористичките дејствија е одвратна и неприфатлива, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.