По повторниот избор на Емануел Макрон за претседател на Франција, во центар на интересирањето на светската јавност изби и неговата сопруга Брижит, пред се поради големата разлика во години меѓу нив двајца. Добро е познато дека Брижит е 25 години повозрасна од Емануел, но она што јавноста помалку го знае дека таа и го „украла“ Макрон на нејзината ќерка.

Ќерката на Брижит, Лурон Озиер, била вљубена во старо-новиот претседател на Франција, пред тој да ја почне љубовната врска, која заврши со брак со Брижит.

Лурон, која е на иста возраст со Макрон, одела заедно со него во средно училиште, а кога дошол во нејзиното одделение постојано зборувала за него и било очигледно дека и се допаѓа.

Сепак, мајка и го „лапнала“ момчето коешто и се допаќало на Лурон, открива помладата ќерка на Брижит, Тифен Озиер, во документарниот филм „Брижит Макрон: Француска новела“ во кој таа раскажува за детали од самиот почеток на шокантната врска меѓу нејзината мајка и 25 години помладиот претседател на Франција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.