Во новиот извештај на британското Министерство за одбрана, базиран на разузнавачки податоци, се наведува дека руските операции се уште се фокусирани на регионите Донбас, Мариупол и Николаев.
Руските операции продолжуваат да се фокусираат на регионите Донбас, Мариупол и Миколаев, со поддршка на континуираното лансирање на крстосувачки ракети во Украина од страна на руските поморски сили.
Се очекува зголемување на руската воздушна активност во јужна и источна Украина.
Сепак, амбициите на Русија да воспостави копнен коридор меѓу Крим и Донбас се уште се спречени од отпорот на Украина – се вели во извештајот на британската воена разузнавачка служба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.