Министерството за одбрана на Велика Британија соопшти дека вооружените сили на Руската Федерација и нивните сојузници во Украина постигнале тактички напредок во последните три дена кон центарот на Бахмут, стратешки важен град во источниот регион Доњецк и најверојатно ќе напредуваат во селата јужно од градот.

Приватната паравоена група „Вагнер“ „веројатно останува“ силно вклучена во борбите во Бахмут – се вели во билтенот на Министерството за разузнавање објавен на Твитер.

Во извештајот се наведува дека руските сили ги продолжиле офанзивните операции во централните делови на Донбас и дека напредуваат „многу бавно“.

 

Бахмут е украински град кој се наоѓа на патот меѓу градовите Славјанск и Краматорск, а според пописот од 2012 година, имало население од речиси 78.000 жители.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.