Британското Министерство за одбрана објави нов извештај за ситуацијата во Украина во кој се наведува дека има најмалку 23 потврдени загуби на руски јуришни хеликоптери Ка-52 ХОКУМ од почетокот на инвазијата врз Украина.
Тоа претставува повеќе од 25 отсто од воената флота на руските воздухопловни сили од 90 Ка-52 и речиси половина од вкупните загуби на руски хеликоптери во Украина … Руските напаѓачки хеликоптери најверојатно претрпеле посебна штета од украинските преносни системи за противвоздушна одбрана – МАНПАДС, додека хеликоптерите често работат со помалку конзистентна горна покривка од борбените авиони, што не би се очекувало според руската воена доктрина, се вели во извештајот.
Според британските разузнавачи, Русија сè уште не успева да одржи соодветна воздушна супериорност за сигурно да обезбеди ефективна воздушна поддршка во близина на линијата на фронтот, а нејзината артилериска муниција е при крај.
Руските команданти веројатно сè повеќе прибегнуваат кон извршување високоризични мисии со нападни хеликоптери како една од ретките опции за обезбедување борбена поддршка на војниците, наведуваат разузнавачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.