Поголемиот дел од Европската Унија одобри задолжително воведување на еден стандардизиран полнач за мобилни и други уреди од 2024 година.

Веќе не треба да купуваме полнач секој пат кога ќе купите нов мобилен или сличен уред. Компатибилниот полнач со повеќе уреди ќе ви заштеди пари и време и ќе придонесе кон намалување на електронскиот отпад, изјави чешкиот министер за индустрија и трговија, Џозеф Сикел.

Директивата за единствен полнач го воведува USB-C како стандарден влез за полнење на електронски уреди во ЕУ. Од 2024 сите уреди како што се мобилни телефони, таблети, е-читачи, дигитални камери, конзола за видео игри, слушалки, ќе мора да имаат влез USB-C, што значи дека сите ќе може да се полнат со истиот полнач.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.