Британските пратеници го усвоија контроверзниот нацрт-закон за депортирање мигранти во Руанда.

Тоа е политичка победа за премиерот Риши Сунак, кој на тој начин го совладува обидот за бунт во рамките на неговото конзервативно мнозинство, коментираат локалните медиуми.

За време на второто гласање во Долниот дом, 320 пратеници гласале за текстот, а 276 биле против.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.