Судот во Лондон одобри основачот на Викиликс Џулијан Асанж да биде екстрадиран во САД, а конечната одлука ќе ја донесе британската влада.
Асанж има можност да поднесе жалба на оваа судска одлука.
Британски судија официјално ја одобрил екстрадицијата на Асанж во САД за да се соочи со обвинувањата за шпионажа. За случајот сега ќе одлучува британскиот министер за внатрешни работи, а основачот на Викиликс сè уште има правни можности да поднесе жалба.
Наредбата доаѓа откако Врховниот суд на Обединетото Кралство минатиот месец не му дозволи на Асанж да поднесе жалба на одлуката на понискиот суд дека тој може да биде екстрадиран.
Судијата на Вестминстерскиот суд за прекршоци ја издаде наредбата на кратко рочиште. Министерката за внатрешни работи Прити Пател ќе одлучува дали ќе ја одобри екстрадицијата.
Овој потег не ги исцрпува правните опции за Асанж, кој со години се обидува да избегне судење во САД за обвиненијата поврзани со објавувањето на огромна количина доверливи документи на Викиликс пред повеќе од една деценија.
Неговите адвокати имаат четири недели да поднесат поднесоци до Пател, а можат да се жалат и до Високиот суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.