Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами, порача дека Велика Британија веднаш ќе суспендира 30 од 350 дозволи за извоз на оружје во Израел поради ризикот дека таквата опрема може да се користи за сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право. Лами појасни дека не станува збор за ембарго.

Набргу по победата на Лабуристичката партија на општите избори во јули, Лами изјави дека ќе ја разгледа продажбата на оружје на британскиот сојузник Израел за да се осигура дека тие се одвива во согласност со меѓународното право.

Со жалење го информирам Долниот дом на Парламентот дека поради проценката што ја добив, не можам да заклучам ништо друго освен дека за одреден (дел од) британски извоз на оружје во Израел навистина постои реален ризик да се користи за извршување, овозможувајќи сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право“, изјави Лами.

Тој исто така рече дека Британија сè уште го поддржува правото на Израел на самоодбрана во согласност со меѓународното право.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.