Британските медиуми објавија дека 36-годишниот Британец, Скот Сибли, загинал во Украина, а исчезнал уште еден Британец чие име не се наведува.

Во извештаите се додава оти се верува дека тие двајца се бореле на страната на украинската војска против руските сили.

Британската канцеларија за надворешни работи, Комонвелт и развој потврди дека британски државјанин загинал во Украина, но не соопштуваат детали што тој правел таму.

Сибли бил ветеран на британските вооружени сили, а неговата поранешна единица се прости од него преку својата страница на фејсбук.

На почетокот на овој месец, британската јавност дозна за двајца Британци кои беа заробени од руските сили.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.