Британскиот воен аналитичар, професор Мајкл Кларк, вели дека во Мариупол борбите се при крај. Тој посочува дека знак за такво нешто е што повеќе од 1.000 украински војници во градот се предадоа.

Тој анализира дека продолжуваат жестоките конфликти во Донбас, но и дека се создава нов голем „Павлоградски котел“.

Се ближи падот на Мариупол. Одбројувањето треба да се врши не во денови, туку во часови. Конечната агонија од битката за Мариупол изгледа неизбежна. Драматични настани може да се случат преку ноќ во Мариупол – вели професорот Кларк, за британскиот ТВ канал „Скај њуз“.

Кларк вели не треба да изненадува доколку Мариупол за ден или два биде во рацете на Русите.

Според професорот, по заземањето на Изујм, руските војници ќе се обидат да се пробијат во јужна Украина. Тој анализира дека ско победат во Мариупол, руските сили од градот, пак, ќе може да одат кон север.

Ќе биде потребно извесно време, но ако успеат да ги поразат Украинците во Мариупол, можат да ослободат веројатно половина од нивните сили таму, најмалку 6.000 или можеби 8.000 војници, за да почнат да се движат кон север во оваа голема офанзива – вели професорот Кларк.

Тој вели дека Украинците биле заглавени во два „казани“ на брегот на Азовското Море.

Коментирајќи ги зборовите на Министерството за одбрана на Руската Федерација дека пристаништето Мариупол е целосно освоено, аналитичарот истакнува дека таа информација е „целосно доверлива“ и „речиси сигурно“ е точна.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.