Министерството за одбрана на Велика Британија објави снимка од авион Тајфун како погодува цел во Јемен.

На снимката се гледа погодената зграда на екран на авионот, пред големата експлозија.

Како што наведува британското министерство за одбрана, тоа било една од двете области што ги таргетирале британски авиони.

Тајфунот лета со брзина од 950 до 1.200 километри на час, а сепак сликата е речиси апсолутно статична. Леталото може да лета во круг, а сликата е како да сте во балон над него. Неверојатно е“, изјави одбранбениот аналитичар Мајкл Кларк.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.