Британското министерство за одбрана, во својот најнов извештај за состојбата на боиштата во Украина, базиран врз разузнавачки податоци, соопшти дека борбите во Донбас се концентрирани во реонот на Севернодонецк, каде што руските сили постигнуваат напредок.

Руските копнени сили продолжуваат да ја концентрираат воената моќ кон тесен појас во Луганската Област. Во текот на 30-31 мај, се интензивираа борбите во Севернодонецк, а руските сили напредуваа кон центарот на градот. Повеќе од половиата на Севернодонецк е под контрола на руските сили, вклучувајќи и ги чеченските борци.

 

Надвор од Доњецката област, руските сили продолжуваат со долгометни удари врз инфраструктурата во разни делови од Украина. На удар се стратешки важните мостовски врски со Украина, како и со украинските пристаништа на Дунав, коишто станаа клучни по блокадата на пристаништата на Црното Море – се вели во британскиот разузнавачки извештај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.