Изјавите на европските политичари дека Украина се уште не може да бара статус на кандидат за членство во Европската Унија се подли кон Киев – изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесува РИА Новости.

Претходно, италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека речиси сите големи земји од ЕУ се против тоа на Украина да и се даде статус на кандидат за членство во ЕУ.

  1. Тоа е многу злобно кон Украина. Зошто се такви кон Украина? Тие секоја година ветуваа дека Украина ќе им се приклучи во нивните редови. Секоја година им кажуваа дека „сега се половина чекор, уште половина сантиметар, уште еден милиметар поблиску до посакуваната цел што им ја наметнаа“. Тоа се европските интеграции – изјави Захарова.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.