Полицаец од Лондон денеска се изјасни за виновен по 24 точки од обвинение за силување и злоставување жени во период од 2003 до 2020 година, со што е еден од најтешките сексуални престапници во британската историја.

Лондонската полиција и државното обвинителство објавија дека Дејвид Керик (48) ја злоупотребил својата позиција на моќ со цел да ги контролира и заплаши своите жртви, заканувајќи се дека никој нема да им верува на зборот дека припадник на полицијата извршил кривично дело.

По серијата скандали во полицијата, која и онака се бори со големата недоверба на јавноста, беше издадено извинување.

Во меѓувреме, портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак истакна дека тоа е „страшен случај“.

Ова е ужасен случај и мислите на премиерот се со сите жртви. Полицијата мора засекогаш да се ослободи од таквите членови за да ја врати довербата на јавноста, посочи портпаролот на Сунак.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.