Британската секретарка за меѓународна трговија, Ен-Мари Тревелјан ги повика британските граѓани да не патуваат во Украина за да се борат во војната, откако беше објавено дека еден Британец загинал, а друг е исчезнат.

Британските медиуми потврдија дека 36-годишниот Скот Сибли, официјално е првиот британски државјанин кој загинал во војната во Украина.

Ја разбираме искрената искрена загриженост на јавноста, но не сакаме британските граѓани да одат и да се борат – изјави Тревелјан за „Скај њуз“.

Таа додаде дека има многу начини на кои Британија може да ги поддржи луѓето во Украина, како што се донации и сместување бегалци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.