Британскиот министер за одбрана Бен Валас најави дека неговата земја ќе ги зголеми испораките на оружје за Украина.

Британија досега испорача 2.000 противтенковски проектили „НЛАВ“, а Валас пред пратениците соопшти дека ќе бидат испратени уште 1.615.

Дополнително, Велика Британија во Украина ќе испорача и мала пратка противтенковски ракети од типот „Џавелин“, а се разгледува и испраќање на ракети земја-воздух од типот „Старстрик“, јави Би-би-си.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.