Обединетото Кралство најави воведување 65 нови санкции за руски компании и олигарси. Меѓу засегнатите со нанјовиот пакет санкции е и руската државна компанија Руски железници, како и приватната воена компанија „Вагнер“.

Меѓу новите компании кои се санкционирани се „Алфа банка“ и „Газпромбанк“, а меѓу лицата се шефот на управниот одбор на „Сбербанк“ и поќерката на Сергеј Лавров, рускиот министер за надворешни работи.

Досега, Британија воведе санкции за повеќе од 1.000 руски правни и приватни субјекти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.