Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро бил примен в болница поради болки во стомакот и веднаш се почнати испитувања за да се утврди дали е неопходна операција, соопшти докторот на шефот на државата, Антонио Луис Маседо.
Бразилската ТВ мрежа „Глобо“ прикажа фотографии од Болсонаро како се спушта по скалите на претседателскиот авион по слетувањето во Сао Паоло, час и половина по полноќ, по што е префрлен во болницата „Вила Нова Стар“.
Болсонаро е хоспитализиран неколку пати откако беше избоден со нож за време на претседателската кампања во 2018 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.