Талибанците наредија обезглавување на куклите од излозите, опишувајќи ги нивните глави како „идоли“ забранети од исламот, објавија странските медиуми. Министерството за пропагирање на доблест и превенција на пороци оваа недела им наложи на трговците во западната авганистанска провинција Херат да ги отстранат главите на женските кукли, пишува Тајмс. Оние кои не ја почитуваат оваа наредба ќе се соочат со тешки казни.

Министрите веруваат дека луѓето ги обожаваат овие „контроверзни“ кукли како идоли, а Куранот го смета идолопоклонството за непростлив грев. Наводно, дури и гледањето во лице на женска кукла е спротивно на шеријатскиот закон.

Првичната наредба на Министерството бараше целосно отстранување на куклите, но на крајот беше договорен компромис – ќе бидат отстранети само главите. Трговците во Херат се згрозени од оваа наредба за обезглавување и забележуваат дека куклите се прилично скапи. Еден трговец рече дека куклите чинат по 200 долари и дека отсекувањето на нивните глави е „голема загуба“ за него.

Министерството за пропагирање на доблест и превенција на пороци во Авганистан беше повторно формирано во септември, по падот на Кабул. Министерството е составено исклучиво од мажи и го замени поранешното Министерство за женски прашања, а жителите стравуваат дека моралната полиција на Талибанците целосно ќе ги уништи правата на жените во земјата.

Неделава, Скај њуз објави и дека Министерството им кажало на таксистите во земјата дека не треба да ги возат жените на долги патувања доколку немаат придружник од машки пол.Министерството за пропагирање на доблест и превенција на пороци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.