Британскиот премиер Борис Џонсон денеска беше во ненадејна посета на Киев, каде што треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Ова е втора посета на Џонсон на Киев од почетокот на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари.
Џонсон денеска требаше да учествува на големиот самит во Донкастер, но во последен момент откажа и замина во Киев.
Тој попладнево требаше да одржи говор пред конзервативните пратеници, советниците и бизнис лидерите во Донкастер.
Според Sky News, Џонсон бил првиот лидер на членка на Г7 што го посетил Киев во април.
Украинското Министерство за одбрана тогаш објави: „Сакаме да му посакаме добредојде на Борис Џонсон во Киев. Биди храбар, како Борис. Биди храбар, како Украина“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.