Поранешниот британски премиер Борис Џонсон, соопшти дека се повлекува од трката за премиер, со што останува отворен патот кон премиерското место за Риши Сунак.

Во изминатите неколку дена, за жал, дојдов до заклучок дека едноставно не би било правилно. Не можете ефективно да владеете ако немате обединета партија во Парламентот – изјави Џонсон.

Тој собра 100 потписи за поддршка од пратениците на владејачката Конзервативна партија, што бешедоволно за продолжување на изборната трка.

Сунак (42) кој беше министер за финансии, потврди дека ќе учествува во трката за премиер откако ја доби поддршката од 124 пратеници од Конзервативната партија.

Во Велика Британија премиер станува лидерот на владејачката партија.

Изборот на нов премиер доаѓа по оставката на Лиз Трас, која на таа функција беше нешто повеќе од еден месец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.