Поранешниот британски премиер Борис Џонсон викендов се враќа во Велика Британија, јави „Дејли телеграф“.
„Тајмс“ објави дека Џонсон, кој е на одмор во странство, се очекува да учествува на изборите за да стане нов лидер на конзервативците на местото на Лиз Трас, која поднесе оставка од премиерската функција.
Политичкиот уредник на „Тајмс“, претходно на Твитер напиша дека Џонсон ги слуша реакциите, но верува дека тоа е прашање од национален интерес.
Резултати од анкета спроведена на почетокот на неделата покажаа дека повеќето членови на Конзервативната партија сакаат поранешниот премиер Борис Џонсон да се врати на позицијата лидер на партијата и да ја замени Лиз Трас на премиерската функција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.