Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека жали што ставовите на Олаф Шолц за голем број прашања, вклучително и енергетиката, го изолираат германскиот канцелар во Европската Унија.

Францускиот лидер додаде дека е подготвен да бара начини за постигнување консензус.

Нашата цел е да го зачуваме единството на Европската Унија. Едноставно, потребно е да се зачува координацијата на акциите во кризата, финансискиот и политичкиот интегритет во контекст на тековната војна… Ќе продолжам да соработувам со канцеларот Шолц, бидејќи неговата изолација не е добра ниту за Германија, ниту за Европа. Важно е да најдеме единство за прашањата каде што има мнозински договор. Не се сомневам дека ќе успееме да најдеме заеднички пат – изјави Макрон по пристигнувањето на самитот на ЕУ што се одржува на 20 и 21 октомври во Брисел.

Во средата беше соопштено дека средбата на претставниците на француската и германската влада, која беше планирана за 26 октомври, е одложена за јануари. Медиумите објавија дека доцнењето е резултат на нерешените несогласувања меѓу Франција и Германија во однос на прашањата за одбраната и енергијата.

Германија се противи на воведувањето ограничувања на цената на гасот, за што се залага Франција.

За изградба на гасовод, пак, што ќе ја поврзе со Шпанија е заинтересирана и Германија, додека Франција е против.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.