По неодамнешните постапки на поединци во Европа кои беа навреда за многу муслимани, Европската Унија го повторува своето силно и решително отфрлање на каква било форма на поттикнување верска омраза и нетолеранција, изјави денеска високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел.

Неодамна, примероци од Куранот беа запалени пред амбасадите на земји како Египет или Турција во Данска и Шведска.

„Почитувањето на различностите е основна вредност на Европската Унија. Ова вклучува почитување на другите верски заедници. Сквернавењето на Куранот, или која било друга книга што се смета за света, претставува навреда, непочитување и е јасна провокација. Нема место во ЕУ за расизам, ксенофобија и нетолеранција, изјави Борел.

„Ние и натаму ја браниме слободата на вероисповед или верување и слободата на изразување, во странство и дома; но сè што е легално не значи дека е етично“, се вели во изјавата на Борел, објавена од прес-службата на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.