Во моментов во Европската унија нема договор за воведување целосна забрана за увоз на руски енергетски извори, како гас и нафта, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Џосеф Борел.
Тој во интервју за германски „Велт“ најави дека за тоа повторно ќе се разговара на следниот самит на лидерите на ЕУ во мај.
Комисијата оваа недела најверојатно ќе испрати предлози до членките на ЕУ за шестиот пакет санкции против Русија поради војната во Украина, пишува Билд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.