Високиот претставник на Европска Унија, Жозеп Борел денеска изјави дека „руските воени злосторства нема да поминат неказнето“, како и оти ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина.

Уште еден бесмислен и голем руски ракетен напад врз Украина кој неселективно уништува инфраструктура и медицински институции, намерно цели и убива цивили, напиша Борел на Твитер.

Градовите низ Украина, вклучително и Киев денеска се цел на руски ракетни напади. Според украинските власти, руските сили истрелале повеќе од 120 ракети



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.