Италија ги повика земјите од Европската Унија да го следат нејзиниот пример и да ги тестираат патниците од Кина за Ковид, но некои сметаат дека засега не гледаат потреба за тоа или чекаат заеднички став на ЕУ.

Здравствените претставници на ЕУ не можеа да се договорат за ова во досегашните разговори и најавија дека ќе ги продолжат разговорите подоцна.

Италија очекува и се надева дека ЕУ ќе воведе задолжителни тестови за Ковид за сите патници кои летаат од Кина како што тоа го направи Рим, изјави премиерката Џорџа Мелони на прес-конференција.

Германија и Португалија посочија дека не гледаат потреба од нови ограничувања за патување, додека Австрија ги нагласи економските придобивки од кинеските туристи кои се враќаат во Европа.

Норвешка, која не е членка на ЕУ, но е дел од договорот на ЕУ без граници, има сличен пристап.

Велика Британија, исто така, соопшти дека не планира да ги врати тестирањата за Ковид за оние што доаѓаат во земјата.

Мораме да дејствуваме заедно и ќе ги продолжиме нашите разговори“, објави Европската комисија на Твитер, без да прецизира кога ќе продолжат разговорите.

Границите на Кина се практично затворени за странци од почетокот на 2020 година, набргу откако корона вирусот првпат се појави во градот Вухан, но државата најави дека ќе го укине карантинот за патниците кои ќе пристигнуваат од 8 јануари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.