Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, во интервју за европскиот портал „Еурактив“, изјави дека ЕУ практично ги исцрпила сите можности за санкции против Русија.

Нема што повеќе да се направи од гледна точка на санкциите, но можеме да продолжиме да ја зголемуваме финансиската и воената поддршка за Украина“, изјави Борел по состанокот на министрите за одбрана на ЕУ и Стокхолм.

На прашањата на новинарите на прес-конференцијата во Европската комисија, дали ЕУ подготвува нов пакет санкции, портпаролите не можеа да дадат прецизен одговор и се ограничија на изјавата дека земјите членки разговараат за тоа и дека расправата не може да биде јавна.

Навистина, една година по инвазијата, доаѓаме до крајот на нашите опции“, призна Борел, на прашањето за следните потенцијални чекори што ЕУ би можела да ги преземе како одговор на руската воена операција во Украина.

Тој верува дека одговорот е да се продолжи со поддршката на Украина, да се спречи избегнувањето на санкциите и да се користат замрзнатите руски средства за обнова на Украина.

На Украина и требаат многу пари само за да продолжи да работи машинеријата, земјата во војна има големи финансиски потреби. Тоа ќе бара многу напор од наша страна, така што санкциите и воената поддршка не се сè“, изјави Борел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.