Масовна тепачка изби во средно училиште во Аризона кога повеќе од 30 ученици и еден родител се степале за време на паузата за ручек.
Гимназијата во Тусон беше блокирана неколку часа по тепачката во вторникот, пишува „Дејли мејл“.
На видеото од инцидентот објавено на социјалните мрежи се гледа вознемирувачка сцена додека учениците удираат и шутираат.
Тепачката почнала откако родител, облечен во црвена кошула и фармерки, наводно влегол во кампусот за да се соочи со група деца кои го нападнале неговиот син со посебни потреби.
Кога пристигнал, ги затекнал децата како го напаѓаат братот на момчето кој го штител, изјавил братучед за „Дејли Мејл“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.